Домување

За сите нас, секако, е важно да оставиме добар впечаток кај гостите што доаѓаат да го посетат нашиот дом, но некои детали во него би можеле да остават впечаток на евтино уреден ентериер. Студентката по архитектура и дизајн Кришнан Раџаратнам од универзитетот „Ковентри“ споделува совети за внатрешен дизајн на нејзиниот профил на Тикток, а сега во едно од нејзините видеа откри детали што прават нашиот дом да изгледа евтино. Некои од нив се кратки завеси, постелнина со дезени и видливи лед-светла. Според неа, во спалната соба не треба да користите постелнина со дезен, туку еднобојна, особено во бела боја, што е модерна и минималистичка опција.

Кришнан советува дека не треба да го украсувате вашиот таван со видливи лед-ленти ако сакате да создадете впечаток на модерна просторија. Исто така, внимавајте да не ги оставате каблите на телевизорот или другите уреди на видно место. Кога се наоѓаат веднаш под уредот, просторијата автоматски ќе изгледа неуредно, а речиси е невозможно каблите да останат незабележани. Тука се и уметничките дела, особено сликите, за кои Кришнан советува доколку имате можност, вложувајте во дела со поголеми димензии, наместо во помали, кои не го исполнуваат доволно просторот на ѕидовите и изгледа нецелосно.

Друг совет, кој е многу едноставен и секојдневен, но кој прави значајна разлика, е да се ослободите од стутканата постелнина. На крајот, таа советува да ги отстраните застарените предмети за осветлување од вашиот дом, но и прекратките теписи и завеси, оние што не стигнуваат до подот. Изборот на подолги завеси, ќе остави впечаток на поголема висина на ѕидовите и прозорците, а вашата соба веднаш ќе изгледа полуксузно.