Животни

Најдобар начин да го одржите вашето куче среќно и здраво е да го храните со висококвалитетна храна за домашни миленици и да има урамнотежена исхрана.
Суперхраната е богата со витамини, минерали и антиоксиданти. Помага за зајакнување на имунолошкиот систем и борбата против болести. Храната богата со хранливи материи не само што е добра за луѓето туку е добра и за кучињата.
Иако постои универзална листа на намирници што треба да си го најдат своето место во исхраната на вашето милениче, добро е да се консултирате со ветеринар пред да одлучите да ги ставите во садот за храна на вашето куче.
Како што постои храна што може да им наштети на кучињата, така постои и храна што ќе придонесе за нивното здравје.
Десетте супернамирници за кучињата се: боровинки, моркови, зелени мешунки, круши, целер, лубеница, јаболка, банани, јајца и тикви.