Осигурувањето денес е составен дел од животот, но многу познати личности при неговото спомнување не се сеќаваат на нивното здравје, домот или автомобилот, туку на деловите од телото што решиле да ги осигурат за неверојатни суми пари. Меѓу познатите личности што го имаат осигурено задникот се Џенифер Лопез, која го осигури на 27 милиони долари, Ким Кардашијан на 21 милион долари, па дури и Кајли Миног, која го процени на 5 милиони долари. Мадона си ги осигури градите на 2 милиони долари, верувајќи дека, доколку не постоеле, тоа ќе влијаело на нејзината кариера, исто како и Доли Партон (на 600.000 долари) и една од девојките на Хју Хефнер, Холи Медисон, чии гради се проценуваат на милион долари.

Пионерката Бети Дејвис го осигури својот струк за нешто повеќе од половина милион долари, додека дамите како Ријана, Хајди Клум, Тејлор Свифт и Мараја Кери ги осигурија своите нозе. Вредноста е претежно помеѓу еден и два милиона, додека оние на Тејлор вредат дури 40 милиони долари. Таа ги осигури нозете пред да оди на турнеја во 2015 година, во случај да добие повреда што би ја спречила да танцува на сцената, а во една пригода објави фотографија на Инстаграм на која се гледа гребнатина од нејзината мачка со опис: „Одлична работа Мередит, сега ми должиш 40 милиони долари“.

За да се заштитат од повреди, нозете си ги осигурија Кристијано Роналдо и Дејвид Бекам, Роналдо на 90 милиони, а Бекам на 195 милиони долари. Исто така, возачот на Формула 1 Фернандо Алонсо ги осигури своите палци на 15 милиони долари на врвот на неговата кариера, кои не само што се неопходни за возење туку претставуваат и „знак на победа“.
Некои од осигурените делови од телото ги вклучуваат рацете на гитаристот на „Ролинг стоунс“, Кит Ричардс, кои се осигурени на 1,6 милион долари, гласот на Брус Спрингстин, кој е осигурен на 6 милиони долари, и една од најпознатите насмевки – онаа на Џулија Робертс, која е осигурена дури на 30 милиони долари.
Списанието „Пипл“ издвојува некои од побизарните примери.

Америка Ферера
Една од најпознатите телевизиски насмевки, секако, е онаа од серијата „Грдата Бети“, која за време на снимањето беше „украсена“ со протези. Подоцна, Америка Ферера стана заштитно лице на „Аквафреш“, каде што решија да ѝ ја осигурат насмевката на 10 милиони долари. Иако тоа не била нејзина одлука, актерката се огласи по ова прашање.
Ласкаво е да се има осигурена насмевка за 10 милиони долари. Тоа не е нешто што сум замислувала дека ќе се случи некогаш – признава таа.

Даниел Крег
Додека многу познати личности имаат осигурено само еден сегмент од себе, тоа не е случај за најпознатиот „шпион“ во светот. Имено, во пресрет на снимањето на едно од продолженијата на филмот за Џејмс Бонд, славниот актер решил да го осигури целото тело на 9,5 милиони долари. Инаку, неговите напорни улоги вклучуваат многу акробации за време на сетот, а од нив со текот на годините се враќаше со голем број повреди.

Мајли Сајрус
Поранешната ѕвезда на „Дизни“ често сака да го вади јазикот за време на своите јавни настапи, а познато е и дека го осигурила на милион долари. Ова е она што Мајли почна да го прави по нејзиниот настап на ММА во 2013 година, кога првпат ги исмеваше фоторепортерите за да се справи со своите несигурности. Оттогаш практично стана нејзин заштитен знак.
Не знаев што да правам со моето лице, па го извадив јазикот и тоа стана моја бунтовничка работа – рече таа тогаш.

Трој Поламалу
Иако фудбалерите генерално се трудат да си ги осигурат нозете, овој Американец е познат по неговото осигурување на косата од милион долари. Поламалу, кој исто така го постави Гинисовиот рекорд за најпочитувана коса, беше амбасадор на „Хед енд шоулдерс“, а има и фан-страница за неговите локни. Иако долги години не ја кратеше косата, во 2013 година ги скрати локните за да собере пари за хуманитарни цели.

Том Џонс
Пејачот од Велс ги осигури, ни помалку ни повеќе, влакната на градите, кои многумина ги сметаа за тајна на неговата привлечност. Во 2008 година беше откриено дека Џонс имал осигурителна полиса од дури 6,9 милиони долари, наводно затоа што неговите обожаватели посегнувале да му ги искубат на неговите јавни настапи. Денес, Том на настапи оди, главно, закопчан до грло.