ФУДБАЛ – КУП НА НАЦИИ НА АФРИКА

Домаќинот Камерун се пласира во полуфиналето на фудбалскиот Куп на нациите на Африка, со победата над дебитантот на турнирот, Гамбија, со 2-0. Во полуфиналето в четврток, Камерун ќе игра со подобриот од мечот Египет – Мароко, кој се одигра вчера. Финалето е в недела, 6 февруари.
Буркина Фасо го изненади Тунис во осминафиналето, победувајќи го со 1-0, и се пласира во полуфиналето. Буркина Фасо го елиминира Тунис третпат на пет турнири и победи во сите четири четвртфинални натпревари на Купот на нациите на Африка, од кои три на минатите четири турнири. Тунис, рангиран на 30-то место на листата на Светската фудбалска федерација, загуби шест од последните седум вакви дуели. Буркина Фасо, која ниту еднаш не го освоила турнирот, во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од натпреварот Сенегал – Екваторијална Гвинеја, кој се играше вчера.


ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

1. Камерун – Гамбија 2-0
2. Буркина Фасо – Тунис 1-0
3. Египет – Мароко синоќа
4. Сенегал – Ек. Гвинеја синоќа

ПОЛУФИНАЛЕ
Камерун – Победник 3 среда
Б. Фасо- Победник 4 четврток

ФИНАЛЕ
6 февруари