Здрава храна

Алфа-липоинската киселина е органско сулфурно соединение што организмот може да го синтетизира, но обично го внесува со исхраната и преку разни додатоци. Според улогата што ја има, оваа киселина може да сe споредува со витамините, а според ефектите се вбројува во неесенцијалните нутриенти.
Овој антиоксидант е природно присутен во многу намирници, пред сѐ во црвеното месо и во трбушките, но и во брокулата, спанаќот, морковот, компирот, пивскиот квасец…
Ова соединение е растворливо и во масти и во вода, така што може да стигне до секој орган, клетка и ткиво во организмот, вклучувајќи го и мозокот. Ги штити клетките од оксидативен стрес и ги регенерира другите антиоксиданти.
Доколку во организмот имате повеќе слободни радикали (нуспроизводи на метаболизмот), може да дојде до оксидативен стрес и оштетување на клетките. Алфа-липоинската киселина дејствува антиоксидантно и ги чува клетките од слободните радикали. Утврдено е исто така дека овој антиоксидант придонесува за редукција на инсулинската резистенција, бидејќи влијае на побрз проток на шеќерот во крвта, во клетките и ткивата.