Многу нешта ги радуваат децата, прегратки, шеги, игри, забава, другарување, но танцувањето и пеењето им се можеби омилените. На прагот од летото, детските желби ќе станат реалност – „Поточиња 2022“ и официјално ќе се одржи на 18 и 19 јуни, во Македонската филхармонија – најубавата вест за сите дечиња.
Новото претстојно издание на „Поточиња“, како еден од најпознатите детски музички фестивали, е време за повторно дружење на големата сцена. По три години, без никакви ограничувања и рестрикции, на „Поточиња 2022“ повторно ќе протечат и ќе се разлеат нови игри, песни, насмевки и радости на голема сцена и пред, несомнено, полна сала.
Фестивалот ќе се одржи во три достапни термини, на 18 јуни (сабота) и 19 јуни (недела), односно со почеток во 11 часот, 13 часот и во 19 часот.
Билетите се веќе во продажба преку продажната мрежа на „МК тикетс“, како и онлајн, на следните линкови:

https://www.karti.com.mk/potocinja-2022.nspx и https://mktickets.mk/event/potocinja18/.

За првпат во Филхармонијата и за првпат наместо да се пречека, детските песни ќе ја испратат пролетта со песна. Организаторите најавуваат голема забава и вистински детски спектакл. Најубавата вест, конечно, пристигна.