Објавен е првиот трејлер за филмската адапатација на романот „Мег: новела за длабок терор“ на авторот Стив Алтен. Во филмот Џејсон Стетам ќе се бори со гигантско праисториско морско куче. Филмот наречен „Д мег“ ја раскажува приказната за нуркачот Џонас Тејлор, улога што ја толкува Џејсон, кој се соочува со најголемиот и најагресивниот предатор во историјата на животинското царство. Тејлор ќе го прогонува мислата од она што го видел, а што не може да им го докаже на другите. Кога ќе го окарактеризираат како лудак што страда од посттрауматски стрес, Тејлор се одлучи да се врати на местото кај што лежат доказите, во длабочината на Пацификот каде што ќе се соочи со најлошиот ужас.

Џон Туртелтауб се потпишува како режисер на филмот, а сценариото е напишано од Дин Георгарис, Џон Хобер и од Ерих Хобер. Режисерот инаку е познат по филмовите „Национално богатство“ и „Чиракот на волшебникот“. Покрај Стетам во оваа акција глумат и Ли Бинг Бинг, Клиф Куртис, Рејн Вилсон, Руби Роуз, Винстон Чао, Пејџ Кенеди, Џесика Мекнејми, Олафур Дарис Олафсон, Софиа Шуја и Маси Ока. Премиерата на „Д мег“ во киносалите е закажана на 10 август.