Сценаристот Џејмс Вандербилт го подготви текстот заснован на книгата „Долгата прошетка“, која авторот на хорори Стивен Кинг ја издаде во 1979 година.
По ланскиот хорор-хит на Кинг, „Тоа“, продукциската куќа „Њу лајн синема“ ги откупи правата и за овој проект. Приказната е сместена во иднината во САД и се однесува на натпревар во пешачење со сурови правила, организиран од тоталитарната власт во земјата.