Парис Џексон, сакајќи да му оддаде почит на својот славен татко, Мајкл Џексон, објави фотографија на Твитер, што претходно ја обработила во Фотошоп, на која како дваесетгодишна девојка стои меѓу своите родители, Мајкл и мајката Деби Роу.
Иако фотографијата изгледа како портрет на среќно семејство, ваква сцена не е можна, бидејќи славниот пејач умре уште додека Парис беше многу малечка, а со нејзината мајка водеше битка околу старателството.

По објавувањето на фотографијата пристигнаа многу позитивни, но и негативни коментари, на кои Парис одговори со објава што многумина трогна.
– Мислам дека е во ред да сонуваш за тоа колку би било убаво да имаш родители, па дури и ако тоа е преку некоја фотографија во која можеш да гледаш – напиша таа.
Голем број обожаватели застанаа на нејзина страна, коментирајќи дека разбираат што преживеала. Некои дури направија нови фотомонтажи на кои таа е заедно со Мајкл Џексон.