На првата фотографија се прикажува слика од човечка перспектива и под неа она што најверојатно го гледа еленскиот дивеч

За да го објаснат подобро тоа, научниците д-р Милер и д-р Данџело се обиделе да носат т.н. „еленски очила“, користејќи сознанија за еленската и човечката перспектива околу видното поле и разбирањето на боите, а користеле програма за уредување на фотографиите, за да создадат две верзии на погледот

Може ли дивечот да ја види сигналната портокалова боја што ја носат ловџиите на себе додека се на лов? Ова прашање постои откога почнале да го користат сигналниот сигурносен елек. Ловџиите се грижат сигналната портокалова боја што подобро да се види, но од друга страна, пак, тоа може и побрзо да ги открие пред дивечот.
По многу истражувања на видот на еленот и структурата на неговото око, научниците д-р Карл Милер и д-р Џино Данџело напишале научен текст за своите сознанија на ова поле. За да го објаснат подобро тоа, тие се обиделе да носат т.н. „еленски очила“, користејќи сознанија за еленската и човечката перспектива, околу видното поле и разбирањето на боите, а користеле програма за уредување на фотографиите за да создадат две верзии на погледот. Споредбата помага во објаснувањето на разликите во видот на луѓето и одговорот на тоа дали елените ја гледаат портокаловата боја на елекот на ловџијата.

Ловечкото совпаѓање на видот изнесува 140 степени и дозволува фокусирање во одредена точка и затоа може многу добро да гледа во длабочина. Преклопувањето на видот кај еленот меѓутоа износува само 60 степени, што му дава релативно лоша длабочина на сликата. Еленот мора да ја мрда главата за да добие тридимензионална перспектива на објектот, гледајќи го од неколку различни агли. Тоа веројатно е и причината зашто еленот ја мрда главата додека ја гледа потенцијалната опасност. Еленот има помало совпаѓање на видот поради страничната положба на очите на главата, но поради тоа има многу поголемо видно поле. Еленот може без мрдање на главата да види речиси 300 степени околу себе, што остава само 60 степени т.н. мртви точки зад него.

Другата слика го прикажува истиот ловџија во природа, но сликата е обработена со одредени фоторецептори од еленската мрежница. Тие фоторецептори служат за подобар вид во лоши светлосни услови. Бидејќи еленот не ја гледа бојата на голема далечина, портокаловата и црвената боја во неговите очи станува кафена или сива.
Фотографијата е снимена низ филтри токму пред заоѓањето на сонцето, кога УВ-зраците се на највисоко ниво. Кај еленскиот очен систем, краткобрановите сини бои се гледаат, а тоа на сликата се гледа на десната страна во правец на заоѓањето на сонцето. Ловџијата на сликата носи нова неиспрана камуфлажна облека, која за еленот, исто така, е видлива облека што го одбива УВ-зрачењето.

Одговорот на прашањето во насловот е – не, еленот не може да ја види сигналната портокалова боја како што тоа го гледаат луѓето. Оваа боја кај елените е видлива како кафена или сива боја. Но она што е многу побитно од размислувањето за сигналната боја е проблемот на сенката и движењето. На сликата гледаме дека ловџијата стои на отворено и на земја и дека не се труди да ги скрие или разбие надворешните линии. Дури и ако носи камуфлирана облека, ќе биде лесна цел за еленот.
Елените многу подобро се приспособени во воочувањето на движењата, посебно секое движење што ќе го направи човекот.

На првата фотографија се прикажува слика од човечка перспектива и под неа она што најверојатно го гледа еленскиот дивеч. Сликата се базира на сознанијата за структурата на окото на еленот.


Чешко нимфарење – риболов на кратко растојание

Принципот на риболов со чешка нимфа е риболов под врвот на трската, додека риболовецот ја држи трската со испружена рака

Чешка нимфа и чешко нимфарење се специјален начин на риболов, кој прво се развил во Средна и во Источна Европа. Оригиналната полска нимфа всушност била преземена од риболовците од Чешка во текот на 80-те години на 20 век, потоа експериментирале со овој нов метод, го развиле и го донеле речиси до совршенство.


Принципот на риболов со чешка нимфа е риболов на кратко растојание, односно под врвот на трската, додека риболовецот ја држи трската со испружена рака. Шнурот виси под врвот на трската и неговиот крај често дури и не допира до нивото на водата.
Класични нимфи за начинот на риболов се таканаречените бобеш-нимфи, но исто така се користат и други видови мушички, како што се џиг-нимфи, нимфи со отежнати перли, тунгстен и слично.
Чешките нимфи се отежнати мушички, кои имитираат ракчиња, ларви и слично. Се користат со големина на јадица 8-16. Чешката нимфа е многу едноставна мушичка во врска со нејзината изработка. Карактеристични се заокружените (свиткани) јадици гамарус, кои се отежнати со оловна жица. Телото е создадено од природен или синтетички материјал.
Друга типична карактеристика на чешката нимфа е задниот дел, направен од латекс-фолија или сличен материјал. За ребра на мушичката се користи монофил, обоена жица и сл. Чешката нимфа е секогаш врзана многу тенко, за да потоне многу брзо кон дното.