Најдобриот стрелец на Металург сезонава во Сеха-лигата и во Лигата на шампиони (ЛШ), Хрватот Халил Јагањац, со гол во последната секунда, го спаси Металург од пораз во дерби-дуелот со битолски Еурофарм Работник (27-27) во мечот од 3-то коло од плејоф-завршницата во домашното првенство. Ракометарите на Еурофарм беа помотивирани и во текот на целиот меч имаа предност од два до три гола. Но Металург во финишот со три гола во низа успеа да изедначи на 25-25.

Еурофарм не го искористи последниот напад за да го реши натпреварот, со што изостана големото изненадување. Најефикасен во домашниот состав беше Стефан Дрогришки со 10 гола, а кај Металург шест постигна Филип Кузмановски, а по пет Халил Јагањац и Вања Илиќ. Со ова реми, по три одиграни кола, металурзите се на првата позиција на табелата со седум бода, втор е Вардар со шест, но има меч помалку, а трет Еурофарм со четири.