Нашиот најпознат и најплоден афористичар, Миле Ѓорѓијоски, денеска учествува на Новогодишен сатирикон во Коларчевиот универзитет во Белград, како единствен претставник од земјава. На годинашниот 38. Новогодишен сатирикон, ќе учествуваат најпознатите српски афористичари и хумористи: Љубивоје Ршумовиќ, Дејан Патаковиќ, Витомир Теофиловиќ, Драгутин Миниќ-Карло и многу други, како и афористичари од други земји.

Организатор на Новогодишниот сатирикон е Афористичкиот клуб од Белград. Миле Ѓорѓијоски деновиве ја објави втората заедничка книга на група автори „Трагачи по парадокси“.