Во Лигата на шампионите (ЛШ) во фудбал вечерва се играат реванш-натпреварите од третото квалификациско коло. Првакот на Македонија, Шкендија, вечерва (арена „Филип Втори“, 20.15 ч.) го очекува тешка задача, да ја анулира големата негатива од првиот меч против австриски Салцбург минатата среда, кога претрпе убедлив пораз во првиот меч (0-3).

Доколку Шкендија, сепак, успее да го елиминира Салцбург, следен противник во плејофот (21 и 28 август) за пласман во групната фаза во ЛШ ќе ѝ биде подобриот од двомечот Спартак Трнава – Црвена звезда (1-1, прв меч). Во случај да загуби во двомечот од Салцбург, Шкендија ќе ја продолжи европската летна квалификациска авантура и ќе разигрува за пласман во групната фаза во Лига Европа (ЛЕ), со подобриот од дуелот Корк – Розенборг (0-2, прв натпревар). Плејоф-натпреварите ќе се играат на 23 и на 30 август.