Македонските ракометарки во воведното коло од квалификациите за ЕП 2020 загубија од Шведска со 26-35

Супериорна игра на фаворитите со демонстрација на квалитет го одбележа воведното квалификациско коло за пласман на Европското првенство (ЕП) 2020 година што ќе се игра во Норвешка и во Данска.

Македонската женска ракометна репрезентација беше поразена во Шведска со 26-35 (13-20) во 1-то коло. Швеѓанките уште од самиот почеток на мечот ги потврдија својата фаворитска улога и големата разлика во квалитет, наметнувајќи офанзивно темпо, со кое од минута на минута ја зголемуваа резултатската предност над македонскиот состав, кој, пак, во овие квалификации влезе со подмладен состав. Најефикасна во македонските редови беше десното крило Сара Ристовска, додека левиот бек Елена Ливриниќ беше прогласена за најдобар играч на средбата.
Следниот меч Македонија го игра веќе денеска (18 часот, влезот е слободен), во СЦ Борис „Трајковски“, против Чешка, која, пак, во првиот натпревар убедливо ја совлада Португалија (31-20).

Само еден од 14-те одиграни натпревари (Романија – Украина), заврши со разлика од три гола (27-24), додека сите други завршија со убедлива предност на фаворитите. Селекцијата на Црна Гора во мечот со Италија ја забележа највисоката победа во ова коло (41-17), односно позитива од 24 гола, додека, пак, Хрватките во дуелот со Исланд ја има најдобрата одбрана на колото, која прими само осум гола во текот на целиот меч 29-8 (14-3). Првите две селекции од сите пет квалификациски групи обезбедуваат пласман на ЕП. 


Резултати
ГРУПА 1
Холандија – Австрија 32-24
Шпанија – Грција 33-18
ГРУПА 2
Црна Гора – Италија 41-17
Унгарија – Литванија 33-19
ГРУПА 3
Германија – Белорусија 40-30
Словенија – Косово 32-23
ГРУПА 4
Србија – Швајцарија 35-23
Русија – Словачка 34-15
ГРУПА 5
Шведска – Македонија 35-26
Чешка – Португалија 31-20
ГРУПА 6
Хрватска – Исланд 27-8
Франција – Турција 38-17
ГРУПА 7
Романија – Украина 27-24
Полска – Ф. Острови 28-16