Човекот на Заев

Гревот на Велковски и дрскоста на Заев не ги намалува ниту шпекулацијата дека, сега веќе поранешен, директор на бирото е жртва на внатрепартиски пресметки во владејачкиот СДСМ, ниту општо познатиот факт дека тој не е ни прв, ни последен носител на јавна функција што користел службено возило за приватни цели, ниту објаснувањето дека, пази ти се молам, тој направил процена оти безбедноста на ќерка му е загрозена и треба да патува со полициско возило… Дали на сите деца, чии родители сметаат дека безбедноста им е загрозена, државата ќе им даде полициски џипови за да одат на летување?

Уште од најраното детство на цивилизацијата постоеше дилемата дали е подобро да се живее хедонистички опкружен со лаги и измами, и да се користат сите предности на таквото опкружување, или да се инсистира на вистината, дури и по цена да се загубат привилегиите. Во обид да ја решат, или барем да ја објаснат дилемата, голем број автори напишаа редица бајки и басни за на луѓето, уште од најраната возраст, нештата да им бидат појасни, во нивниот ментален склоп да се вградат одредени вредности што подоцна, како возрасни, ќе ги практикуваат во своето приватно и професионално дејствување. Но класичните приказни веќе извесно време се потиснати од видеоигрите со проблематични или барем збунувачки пораки, така што стана речиси невозможно на помладите генерации да им се објасни разликата помеѓу доброто и лошото, исто како што веќе станува претешко да се воочи границата меѓу лагата и вистината, виртуелното и стварното. Во таквото море, или подобро речено, мочуриште на изместени вредности, лаги и илузии, сосема непречено егзистира еден подвид хомо сапиенс, кој смета дека лагата, измамата и злоупотреба се сосема прифатливи форми на однесување. Опкружувањето толку многу му годи што тој постојано се шири и напредува, особено во структурите на државната власт и управа и, барем засега, ништо не го загрозува.

Доказ за тоа е и последното, изнудено, разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски, кој со полициски џип си ја пратил ќерката на летување во Грција. Уште повеќе што разрешувањето, кое во една уредена држава би требало да биде пресретнато со неотповиклива оставка, од страна на премиерот Зоран Заев беше релативизирано до нивото на дрска навреда на јавноста со објаснувањето дека „неговиот човек“ Велковски „ќе остане значаен фактор во МВР, затоа што е важен со неговото искуство и е од помош на државата“. И така структурата се одржува.
Гревот на Велковски и дрскоста на Заев не ги намалува ниту шпекулацијата дека, сега веќе поранешен, директор на Бирото е жртва на внатрепартиски пресметки во владејачкиот СДСМ, ниту општо познатиот факт дека тој не е ни прв, ни последен носител на јавна функција што користел службено возило за приватни цели, ниту објаснувањето дека, пази ти се молам, тој направил процена оти безбедноста на ќерка му е загрозена и треба да патува со полициско возило… Дали на сите деца, чии родители сметаат дека безбедноста им е загрозена, државата ќе им даде полициски џипови за да одат на летување?

Шега настрана, Велковски е фатен жив во злоупотребата и Заев не смееше да си дозволи да излегува со какви и да се оправдувања. Особено доколку планира да продолжи да ја игра улогата на бескомпромисен борец против криминалот, корупцијата и други форми на злоупотребата на власта и на јавни овластувања. На ваков начин, се плашам, дека до јавноста, а пред сѐ до своите извршители, праќа, лоша порака. Сосема спротивна од онаа што на пример, пред некој ден, беше пратена од норвешката влада, кога нејзиниот министер за рибарство, Пер Сандберг, поднесе оставка, откако призна дека ги прекршил владините правила за сигурносен протокол за време на одморот во Иран бидејќи не ги информирал колегите каде оди на одмор, а со себе го зел и службениот телефон, што не било дозволено. По обелоденувањето на случајот, норвешкиот министер не се ни обидел да го чека разрешувањето, а уште помалку некакви оправдувања, оди и ветувања за ново работно место од страна на премиерката Ерна Солберг.

Настапот на Заев воопшто не охрабрува. Напротив, тој навестува дека битката одамна е загубена и дека она што досега го негувавме под називот „борба со криминалот и корупцијата“ беше само невешт обид борбата за власт да се претстави како борба против криминалот и корупцијата, илузија за наивните што поверуваа дека мочуриштето се прочистува и, се плашам, уште една голема препрека за евроатлантската интеграција на Македонија

Тоа, за жал, е разликата што во овдешната јавност упорно се релативизира. Но затоа постојат меѓународни организации и институции, кои уредно ги нотираат, анализираат и оценуваат ваквите ексцеси. Една од нив е Групата за борба против корупцијата (ГРЕКО), чиј претставник Крис Шпекбахер, токму, пред некој ден ја изрече болната вистина дека на Македонија, меѓу другото, ѝ се потребни „промена во однесувањето“ и „подобрување на јавниот имиџ на функционерите“ што, заедно со доследно спроведување на законите и на препораките, е основа за успешна борба против корупцијата. Настапот на Заев во таа насока воопшто не охрабрува. Напротив, тој навестува дека битката одамна е загубена и дека она што досега го негувавме под називот „борба со криминалот и корупцијата“ беше само невешт обид борбата за власт да се претстави како борба против криминалот и корупцијата, илузија за наивните што поверуваа дека мочуриштето се прочистува и, се плашам, уште една голема препрека за евроатлантската интеграција на Македонија.