Кениецот Асбел Кипроп, олимпискиот шампион на 1.500 метри од Пекинг 2008-та и трикратен светски првак (Даегу 2011, Москва 2013 и Пекинг 2015-та), е суспендиран на четири години поради допингување, соопшти Одделот за атлетски интегритет (АИУ).

На тестот од 2017-та било утврдено дека Кипроп (29) ја користел забранетата супстанција, еритропоетин (ЕПО). Тој тврдеше дека е невин и оти некој да го заменил неговиот примерок, но, повторениот Б-тест исто така беше позитивен, а Антидопинг комисијата потврди дека „случајот против спортистот е направен според сите правила и процедури“.