Младинскиот европски фудбалски првак треба да биде познат в понеделник, по фајналфор-турнирот што се игра од петок, во Нион (Швајцарија). Во полуфиналето задутре ќе играат Челси – Порто и Манчестер сити – Барселона. Во минатите четири изданија на Младинската лига на шампионите (ЛШ) двапати славеше Челси (2015 и 2016 година), а по еднаш Бенфика (лани) и Барселона (2014 година). Челси, практично, игра за третата титула во низа, откако тие воопшто не играа во ланското издание на ЛШ.