Од 1967 година, американските претседатели само трипати го искористиле правото да се повикаат на 25-от амандман. Во 1985 година, претседателот Роналд Реган поради колоноскопија кратко му ја предаде власта на потпретседателот Џорџ Буш Постариот. Додека претседателот Џорџ Буш Помладиот двапати се повика на овој амандман и поради колоноскопиите во 2002 и 2007 година мораше привремено да му ја предаде функцијата на потпретседателот Дик Чејни. Меѓу претседателите што се разболеа сериозно додека ја извршуваа функцијата беа Џорџ Вашингтон, кој едвај ја избегна смртта за време на епидемијата на грип во втората година од мандатот, и Вудро Вилсон, кој се разболе во 1919 година, додека преговараше за Версајскиот мировен договор по крајот на Првата светска војна. Вилсон почина од фатален мозочен удар во 1924 година, неколку години по пандемијата на шпанскиот грип. Четири претседатели починаа од природна смрт: Вилијам Хенри Харисон, Закари Тејлор, Ворен Џ. Хардинг и Франклин Д. Рузвелт. Двајт Д. Ајзенхауер имаше инфаркт во првиот мандат, а доби мозочен удар во вториот. Врз четири претседатели беше извршен атентат додека беа на функција: Абрахам Линколн, Џејмс А. Гарфилд, Вилијам Мекинли и Џон Ф. Кенеди.