По снимените осум филма, кои заработија речиси пет милиони долари низ светот, франшизата „Пеколни улици“ сега претставува сосема нов проект во кој Двејн Џонсон и Џејсон Статам ги репризираат своите улоги на Лук Хобс и Декард Шо во филмот „Хобс и Шо“.

Откако првпат се запознаа во филмот „Пеколни улици“ на 7 мај 2015 година, претставникот на законот, крупниот Хобс (Двејн Џонсон), верен агент на тајната американска дипломатска служба, и одметникот, кој има проблеми со законот Шо (Џејсон Статам), бивш оперативец на елитните единици на британската војска, тие не престануваат да разменуваат удари и навреди, во обидот да се совладаат еден со друг.

Но во мигот кога унапредениот генетски сајбер-анархист Брикстон (Идрис Елба), ќе дојде до тајната биолошка закана, која може да го збрише човештвото засекогаш и го ангажира брилијантниот, неуништлив и непредвидлив МИ6 агент (Ванеса Кирби), која всушност е сестра на Декард Шо, двајцата заколнати непријатели ќе се здружат за да го совладаат човекот, кој е поопасен од нив.

Филмот во европските кина ќе пристигне во август.