Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски, постигна хет-трик за АЕК Ларнака во реванш-мечот од 3-то квалификациско коло за Лига Европа (ЛЕ) против австриски Штурм и убедливата победа од 5-0. Тричковски беше немилосрден во 8-та минута, кога буквално со топката влезе во противничкиот гол, 67-та и во 80-та минута, со што клубот од Кипар обезбеди пласман во плејоф-рундата за место во групната фаза од ЛЕ, а за противник ќе го има словачки Тренчин.

И на првиот дуел во Австрија, кипарскиот клуб победи со 2-0, а и тогаш еден погодок реализира македонскиот напаѓач што, пак, е негов 15-ти во Европа за кипарските клубови. Тричковски годинава има дадено шест гола во европските натпревари, од кои два против ирски Дандалк, а еднаш беше прецизен и против Грац на гости.
Македонскиот првак, пак, Шкендија, како и што се очекуваше, ќе игра против норвешки Розенборг во плејоф од квалификациите за пласман во групната фаза од ЛЕ, откако Розенборг и на реваншот од 3-то квалификациско коло, го победи со 3-0 ирски Корк сити (вкупен резултат 5-0). Првиот меч е закажан на 23 август.