Финалистите во минатата сезона во Лигата на шампионите, Тотенхем (пет проценти) и Ливерпул (8,3), како и првакот на Англија, Манчестер сити (7,7 насто), се меѓу 14-те екипи во кои фудбалерите ангажирани во летниот преоден рок годинава во почетокот од новата сезона играле помалку од една десетина од минутите на мечевите, покажа анализата на Фудбалската опсерваторија на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС).

Во анализата за мечевите до 19 септември се влезени сите новоангажирани фудбалери летово во сите клубови од петте најголеми домашни првенства во Европа (Англија, Шпанија, Франција, Германија и Италија). Бројките за Манчестер јунајтед и за Челси се многу поголеми: 25,8 проценти, односно 33,6 отсто, а меѓу учесниците во Лигата на шампионите само Лил има поголем процент од Челси, 42,5. Најголем процент меѓу тимовите од најсилните пет лиги има Фиорентина, 69,5.

Според ЦИЕС, најстабилните тимови се наоѓаат во Премиер-лигата, каде што новите фудбалери досега играле само 15,7 отсто од времето (најмногу 50,4 кај Астон Вила). На другата страна од табелата е Италија, со 29,6 проценти, а помеѓу се првенствата во Германија со 22,7, Шпанија со 24 (најмногу во Севилја 54,3 проценти) и во Франција со 26,7 отсто.