Во центарот „Жорж Помпиду“ во Париз во јуни е отворена изложбата „Сабине Вајс“, која ќе трае до 15 октомври. Хуманистичката фотографија што настанала во работничките и сиромашни квартови на Париз својот врв го доживеала во периодот од 1945 до 1950 година, а Сабине Вајс е еден од нејзините последни живи претставници.
Под наслов „Градови, улици, други“ се прикажува нејзиниот опус до 1960-тите години, со намера да се понуди ново гледање на делата на славната фотографка. На изложбата има и дела на неколку други современи уметници што ги тематизираат градот и градските улици.