Најмалку пет лица, меѓу кои и еден полицаец, загинаа откако автобус влета меѓу автомобили и мотоцикли на прометна улица во кинескиот град Лонџан. Инцидентот се случил кога маж под закана со нож украл автобус и потоа со возилото намерно се залетал кон улицата, удирајќи повеќе автомобили и мотоцикли. По ова, полицајци успеале да го совладаат мажот и да го уапсат. Властите соопштија дека во инцидентот се повредени најмалку 21 лице.