Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун лично го следеше најновото лансирање проектили, кое, според официјален Пјонгјанг, претставува „тестирање ново оружје“. Станува збор за петта серија на лансирање проектили за помалку од две седмици. Најновото тестирање следуваше само неколку часа откако
американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека добил „преубаво писмо“ од Ким.