Францускиот претседател Емануел Макрон учествуваше на годишната воена парада со која во центарот на Париз се одбележа Денот на падот на Бастилја. Манифестацијата ја следеше и германската канцеларка Ангела Меркел, како и претседатели и премиери од повеќе европски земји – Белгија, Естонија, Финска, Холандија и Португалија. Интересно е тоа што на парадата учествуваа војници од десет земји, кои се дел од Европската иницијатива за интервенција.