Слично на потегот што го направи Луис на клупско ниво, минатото лето фудбалските асоцијации на Нов Зеланд и на Норвешка вовеле еднаква плата во своите национални селекции

Мажите и жените треба да имаат иста плата во фудбалот, вели Чарли Добрес, волонтерски директор во англискиот фудбалски клуб Луис, кој тврди дека е единствениот клуб на светот што еднакво ги плаќа своите фудбалери и фудбалерки.

Со воведувањето на уедначениот буџет во машката и во женската екипа на Луис (од минатата сезона) и двата тима постигнале одличен успех. Машкиот тим ја освоил својата лига и се искачил едно ниво погоре (во седмата англиска лига), а жените биле приклучени кон новоформираното женско првенство.

Па, така, сезонава девојките од Луис ќе бидат во друштво на своите колешки од Манчестер јунајтед и Тотенхем во Суперлигата и со Арсенал во купот.

– Изедначувањето на платите не е никаков морален поход, токму така треба и да биде. Ние на ова гледаме од аспект дека ако мажите и жените еднакво напредуваат тие ќе донесат поголем приход, а тоа се пари што доаѓаат во нашето семејство, како од брат и од сестра, и ние ќе ги распределиме соодветно – додава Добрес.

Слично на потегот што го направи Луис на клупско ниво, минатото лето фудбалските асоцијации на Нов Зеланд и на Норвешка вовеле еднаква плата во своите национални селекции.