Постои сомневање дека увозниците и дистрибутерите во Србија се договарале за висината на цените на бебешките производи, кои биле повисоки од земјите во регионот

Комисијата за заштита на конкуренцијата во Србија почнала четири нови постапки против 10 учесници на пазарот за опрема за бебиња, заради испитување повреда на конкуренцијата. Од комисијата основано се сомневаат дека фирмите заклучувале рестриктивни договори со кои се утврдувале цените во натамошната продажба на бебешките производи: тропалки, цуцли, шишенца, пумпи за млеко, козметика за бебиња, текстил… Весникот „Новости“ во својот текст апелира до државата да им застане на патот увозниците и на дистрибутерите за монополското договарање на цените, кои се повисоки и за 100 отсто во споредба со земјите од регионот.

– Комисијата за заштита на конкуренцијата во текот на април 2018 година презеде две постапки за испитување на нарушувањето на конкуренцијата во текот на април 2018 година. Сметаме дека пазарот на опрема за бебиња е од исклучително значење за потрошувачите, како и за општеството. Работиме на целосна анализа на пазарот на Србија – соопштуваат во антимонополската комисија на Србија.

Неодамна комисијата спроведе истрага и против две водечки увозни компании и дистрибутери на опрема за бебиња. Србија е меѓу најскапите земји во регионот, за овој вид производи. Цените често се повисоки и за 100 отсто, а квалитетот е под оној што важи за земјите од Европската Унија. Поради тоа, родителите од Србија често патуваат во соседните земји за да набават облека, колички и друга опрема за своите деца, пишува „Новости“.

– Има примери кога продавниците се информираат со писма дека количките во малопродажба не смеат да се продаваат за помалку од 10.000 динари, а било дозволено повисоко од таа цена – информираат од здружението за потрошувачи во Србија.

Доколку се докаже дека имало монополско договарање, фирмите што го правеле тоа можат да бидат казнети со 10 отсто од годишниот приход, како и со забрана за продажба на опрема за бебиња.