Останаа само уште два дена до крајот на годинашниот конкурс на Шпаркасе и „Пакомак“. Крајниот рок е 31.10.2019, во 23.59.
Но има време да ги доработите вашите дела, да ги сликате и да ги испратите на мејл: [email protected]

Во денешниот број повторно одбравме три пристигнати фотографии од дела што учествуваат на конкурсот.

Касичката изработена од пластично шише ни ја испрати Катерина Лукарова.
Втората творба е еден вид „паромат“, а е дело на Софија Хамдан и Лука Грчевски од 5-б одд. при ООУ,,Војдан Чернодрински“ во Скопје.

Третата творба е наречена „Штеден автомат и новата генерација штедачи“, која ја изработи Стефан Спасов, 4-г одд., во ООУ „Сандо Масев“ во Струмица.
За најдобрите следуваат убави подароци, но и гостување во најубавата детска ТВ-емисија „Ивце Пивце и другарите“, на телевизијата Канал 5. И.М.