Фото: Маја Јаневска-Илиева

Минатата недела роденденот на „Нова Македонија“, која одбележа 75-години од излегувањето на првиот број на 29 октомври 1944 година, отпечатен на слободната територија во селото Горно Врановци, беше збогатен и со посета на ученици од две скопски основни училишта: „Војдан Чернодрински“ и „Коле Неделковски“.

Децата ѕирнаа во сите простори, каде што секојдневно се подготвува најстарото гласило во земјава, дознаа за неговата историја, но и за тоа дека додатокот за деца „Колибри“, кој излегува секој вторник, постои веќе 61 година.
Хуманитарецот Живко Поповски со своите цветни слики, што им ги подари на учениците, секако придонесе оваа посета да им остане во убав спомен, а во иднина да бидат наши верни читатели.

Фото: Дарко Андоновски