По налог од градските власти, во Пловдив, во населбата Шеќер Маало вчера беа урнати десетина нелегално изградени куќи во кои живеат семејства од ромска националност. Овие објекти биле изградени на општинско земјиште и биле пречка за изградба на колекторскиот систем во градот.

Акцијата за уривање се спроведе со зголемено присуство на полицијата. Уривањето беше одложено половина час поради тензијата и противењето на сопствениците на куќите. По дополнителното засилување на полицијата, двата багера почнаа со уривањето.

До крајот на денот беше планирано да се урнат 21 куќа.