Во Мобилната галерија на Центарот за современи уметности, во Паркот на франкофонијата, вечерва, во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Управило“, наменска, просторна, скулптурна инсталација на уметникот Љубиша Камењаров.
Нејзината замисла и реализацијата преку ликовни средства, како што е и најавено, во овој случај ги забележува состојбата и поставеноста кај единките и групите, а наедно ја преиспитува и хиерархиската поставеност во нивните меѓусебни односи. „Управило“ е концепциски поврзана со претходното дело на Камењаров, „Рамнотежист“.