Света Софија, седиште на Охридската Архиепископија

БОРБАТА ЗА СОЗДАВАЊЕ МАКЕДОНСКА ДРЖАВНОСТ ВО ПЕРИОДОТ НА ГОЛЕМАТА ИСТОЧНА КРИЗА (2)

Весникот „Нова Македонија“ го објавува во повеќе продолженија трудот на професорот Владо Поповски, насловен „Борбата за создавање македонска државност во периодот на големата источна криза“, кој е составен дел на зборник од трудови посветени на ослободителните борби на Македонија од Источната криза до Балканските војни. Зборникот е составен од трудови од Меѓународната научна конференција посветена на 112-годишнината од Илинденското востание, организирана од Бугарската академија на науките и МАНУ во Битола. Текстот во кој главни теми се Кресненското и Разловечкото востание и идеалите и целите на востаниците е преземен од тој Зборник, кој двојазично е отпечатен во Софија. Насловите и меѓунасловите се редакциски. Читателите што ќе го читаат овој фељтон сигурно ќе пронајдат многу дилеми што траат до денес меѓу македонската и бугарската историја и наука


Д-р Владо Поповски

Унијатското движење во Македонија, во седумдесеттите години, се состоело во акцијата на македонските црковно-училишни општини да се поврзат со католичката црква и да се стават под нејзина заштита и јурисдикција. Смислата на стапувањето на македонските општини во унија со католичката црква се состоела во тоа што, на таков начин, се оттргнувале од власта на Егзархијата, односно на Патријаршијата, со што ќе се ставело крај на бугарската, односно на грчката просветна и духовна доминација и сходно на тоа, ќе се ставел крај и на процесот на бугаризирање, односно на грцизирање на Македонците. Последните ќе стекнеле можност да го уредат училишното дело и просветата на младите поколенија така како што сметале македонските црковно-училишни општини, а духовното (црковното) дело ќе било уредено со обновувањето на Охридската архиепископија како македонска црква. Со тоа и духовната јерархија би била домородна (македонска).

Сето наведено би го претставувал ефектот од унијата на македонските црковно-училишни општини со католичката црква, бидејќи последната ги прифаќала месните и традиционалните културни, јазички, обичајни и литургиски норми и практики со тоа што во литургиите ќе се споменувало името на Папата. Во другите области, врз база на филството, на заштитата и на другите посакувани очекувања ќе се претпочитал позитивниот однос кон влијанието на западно-европските католички држави, за што, во Македонија во тоа време, имало прилично расположение среде македонските граѓански категории, посебно кај тие од трговско-финансиската и мануфактурно-претприемачката фела.

РУСИЈА ПРОТИВ КАТОЛИЦИЗМОТ

Општото значење на стапувањето на македонските општини во унија со католичката црква, сообразно со тогашниот милетски систем, би било во тоа што Македонците ќе станеле посебен милет односно ќе стекнеле статус на посебна народност, што било главен мотив и главна цел и при упорствувањата на истата таа генерација во шеесеттите години од XIX век.

Унијатското движење во Македонија во осумдесеттите години на XIX век немало позитивен исход. Против него била Русија бидејќи унијата на македонските црковно-училишни општини со католичката црква ќе го зголемела влијанието на западно-европските држави на Балканот преку нивното присуство во неговиот централен дел (во Македонија) што, директно, се косело со руските интереси. Поради тоа Русија, преку својот политички претставник во Цариград, Грофот Игњатиев, извршила притисок врз Султанот во тоа време, имало прилично расположение среде македонските граѓански категории, посебно кај тие од трговско-финансиската и мануфактурно-претприемачката фела.

Општото значење на стапувањето на македонските општини во унија со католичката црква, сообразно со тогашниот милетски систем, би било во тоа што Македонците ќе станеле посебен милет односно ќе стекнеле статус на посебна народност, што било главен мотив и главна цел и при упорствувањата на истата таа генерација во шеесеттите години од XIX век.

ДВИЖЕЊЕТО БИЛО БЕЗУСПЕШНО

Унијатското движење во Македонија во осумдесеттите години на XIX век немало позитивен исход. Против него била Русија бидејќи унијата на македонските црковно-училишни општини со католичката црква ќе го зголемела влијанието на западно-европските држави на Балканот преку нивното присуство во неговиот централен дел (во Македонија) што, директно, се косело со руските интереси. Поради тоа Русија, преку својот политички претставник во Цариград, Грофот Игњатиев, извршила притисок врз Султанот да не биде прифатено барањето за унија на македонските црковно-училишни општини со католичката црква зад кое стоела согласноста на двете страни.

Притисокот врз Русија против споменатата унија го извршиле бугарските центри, а посебно Егзархијата. Последната, заради сознание на димензиите и на сериозноста на споменатото движење, во Македонија, го испратила познатиот Петко Рачев Славејков. Славејков ја прокрстарил Македонија и се уверил оти „хидрата“ (злото) не е во едно место, туку таа била разиграна во многу места и делови од Македонија и поради тоа не било можно да се стави под контрола и да биде поразена. Славејков го информирал Егзархот оти во Македонија постои големо исчекување монсењер Нил да се врати од Цариград со берат за унијата и оти возбудата била голема во сите средини во Македонија. Тој соопштува оти и највлијателните и најбогати првенци, како Робеви, Паунчеви и Дрндарови, припаѓаат на тоа движење при што најпознатиот и највлијателниот меѓу нив, Димитар Робев сметал оти немало друг спас освен унијата со католичката црква. Славејков, запознавајќи се со унијатското движење информирал дека тоа било исто како она во шеесеттите години.

СУЛТАНОТ ЈА ЗАПРЕЛ УНИЈАТА

Имено, широко била распространувана мислата дека Македонците не се Бугари, туку Македонци (Александрови потомци) дека тие го претпочитаат својот говор (своето слово) кој настојуваат да преовлада во сите области; дека сакале да формираат своја, сопствена македонска јерархија и да ја воскреснат Охридската архиепископија. Поради тоа ако монсењер Нил се врател со берат за унија на македонските црковно-училишни општини, со римската црква, тогаш не само Пољанската и Струмичката епархија, туку и Воденската, Драмската, Серската и Солунската, а по нив и сите други епархии ќе се расклателе и ќе се вклучеле во унијата. Тогаш тоа приклучување, ќе напише Славејков „нема да биде делумно туку целокупно преку стремежот да ја воскреснат Охридската архиепископија“. По тоа Македонија би била изгубена за Егзархијата, т.е. за Бугарија. Поради тоа, Петко Рачов Славејков, унијатското движење во Македонија, во 1874-та година го оценил како „многу сериозно и опасно“ движење за одвојување на Македонците од бугарскиот народ. Затоа Славејков препорачал да се интервенирало од високо место за да се спречи остварувањето на унија меѓу македонските црковно-училишни општини и римската црква. Интервенцијата била направена; Султанот не ја дозволил Унијата.

Востанијата од 1876 и 1878/79 година

По неуспешниот исход на унијатското движење и по кревањето на Херцеговското востание, еден од главните водачи на тоа движење, Димитар Поп Георгиев Беровски, во декември 1875 година, решил да организира востание во Македонија. Димитар Поп Георгиев припаѓал на онаа иста генерација од шеесеттите години која упорствувала на ставот дека Македонците биле посебен народ кој бил поврзан со традициите на Античка Македонија. Тие ставови Поп Георгиев ги застапувал и во шеесеттите и во седумдесеттите години за што пишувал Петко Рачов Славејков.

Димитар Поп Георгиев, во текот на Источната криза, како водач на двете македонски востанија (на Разловечкото и на Кресненското) бил за формирање македонска државност. Тој бил водач на внатрешните македонски сили кои го чувале македонското востаничко дело од посегнувањата на бугарските центри и од наметнувањето на цели и функции на Македонското Кресненско востание поврзани со интересите и политиката на тукушто формираното бугарско кнежество.

Со кревањето на Херцеговското востание во 1875 година Поп Георгиев сметал оти македонското прашање ќе се реши преку востание во Македонија. Верувајќи дека било дојдено времето Македонија да се ослободи од турскиот јарем, Поп Георгиев претпоставил оти со Херцеговското и со Македонското востание ќе се создаделе услови, да се замешаат и други балкански и европски држави со што би била засегната и Македонија. Уверен во тоа Поп Георгиев се решил да крене востание во Македонија со кое работите што не се решиле пред турскиот суд ќе се решеле во Македонија. Во таа насока Поп Георгиев покрај другите подготовки за востанието порачал да се навезе знаме на Разловечкото востание со земскиот лав на Македонија земен од стемотографијата на Кристофер Жефарович.