Кавадарци

Започна реконструкцијата на фекалната и атмосферската канализација на улицата Бабуна. Во рамките на реконструкцијата на оваа сообраќајница во должина од 180 метри, со профил фи 315 ќе се реконструира фекалната канализација и во должина од 100 метра со профил фи 315 ќе биде реконструирана атмосферската канализација.
– Со овој потег ќе се реши долгогодишниот проблем со фекалната канализација на улицата Бабуна, која моментално минува низ приватни дворови, а наедно и со атмосферските води, кои често им причинуваат штети на граѓаните што живеат на таа улица. По завршувањето на работите ровот ќе биде целосно асфалтиран, односно вратен во првобитната состојба. Инвеститор и изведувач на работите е ЈП „Комуналец“ – Кавадарци – велат од Општина Кавадарци.