Триумф на корупцијата

Спектакуларното уривање на врвот на владиниот план за борба против корупцијата веќе го видовме, а зад урнатините се покажа и целата мрежа на непотистички врски со кои е создавано специјалното јавно обвинителство. Партиски, роднински, пријателски… се покажа дека речиси ниту едно име во обвинителството не било случајно. Токму затоа и тешко е да се поверува оти никој во обвинителството не знаел за наводната инволвираност на нивната шефица Катица Јанева во аферата „Рекет“. Па, какви обвинители и истражители се тие кога во јавноста и многу порано од официјалното отворање на истрагата и написите во медиумите веќе и сосема гласно се зборуваше дека некои дечки со препознатливи презимиња наоколу се закануваат со бомбите. И сега, на истите тие повторно им се доверуваат истите предмети, само не како на специјални туку како на редовни обвинители. Уште малку да поиграат рекет или барем да присоберат понекое од залутаните топчиња

Две недели од почетокот на учебната година на некој Миле од Владата му текна да се воведат „антикорупциски содржини“ во основните училишта. Владата завчера воодушевено ја прифати идејата и веднаш го задолжи Министерството за образование и наука, во соработка со Бирото за развој на образованието, да ги извести сите основни училишта да планираат и антикорупциски содржини во своите годишни програми веќе за оваа учебна година. Да се надеваме дека, како што досетливо забележа една колешка, за почеток ќе успеат да ги научат децата оти веќе не треба да собираат пари за роденденски, осмомартовски и какви сѐ уште не подароци што учителките ги порачуваат преку некои членови на родителските совети и да не ги покриваат трошоците за членовите на семејствата на наставниците кога одат на најчесто бесмислени екскурзии, што, вистина, досега не беше дел од наставните програми, но се спроведуваше подоследно од која било образовна реформа. Настрана тоа што сега уште и со ова ќе го контаминираат детството, останува оправдано сомневањето околу вистинската цел на оваа новина и страв дека, како впрочем и при сите досегашни изблици на креативноста во владејачките структури, сето тоа ќе послужи само како демонстрација зад која останува поразителната вистина дека и оваа власт е неподготвена суштински да се бори против корупцијата.

А своевидна потврда за оваа дојде веднаш по објавувањето на намерата и децата да се мобилизираат за потребите на реализацијата на „владината решителна заложба да се справи со корупцијата“. Имено, куршуми кон двајца „мртви Германци“ беа испукани од антикорупциската комисија, чиј сегашен состав со денови внимателно беше избиран во една смешно сложена постапка, за да финишира со маратонски јавни интервјуа во Собранието, при што на увид на јавноста ѝ беше ставено сѐ освен докази дека тие навистина се квалификувани и подготвени да се борат против корупцијата. Она што следуваше потоа беше сведено на администрирање со застарени предмети, јавни опомени до неколку лица со лепливи прсти од пониските нивоа на власта, на срамежливи објави дека се отворени постапки во неколку случаи, со потенцијал да прераснат во поголеми афери со звучни имиња од власта и, се разбира, на константните лелекања оти законските рамки им се претесни за ефикасно дејствување. Со еден збор, не отидоа ниту чекор подалеку од своите претходници.

Куршуми кон двајца „мртви Германци“ беа испукани од антикорупциската комисија, чиј сегашен состав со денови внимателно беше избиран во една смешно сложена постапка, за да финишира со маратонски јавни интервјуа во Собранието, при што на увид на јавноста ѝ беше ставено сѐ освен докази дека тие навистина се квалификувани и подготвени да се борат против корупцијата. Она што следуваше потоа беше сведено на администрирање со застарени предмети, јавни опомени до неколку лица со лепливи прсти од пониските нивоа на власта, на срамежливи објави дека се отворени постапки во неколку случаи, со потенцијал да прераснат во поголеми афери со звучни имиња од власта и, се разбира, на константните лелекања оти законските рамки им се претесни за ефикасно дејствување. Со еден збор, не отидоа ниту чекор подалеку од своите претходници

Последниот обид да го привлечат внимание на јавноста и да ги оправдаат платите беше пукањето на мртов Германец, кога констатираа оти законот им овозможува премногу луксуз на поранешните претседатели, на што неколку невладини организации веќе одамна посочуваат. И секако дека се немоќни да ја оправат работата. За тоа кој и како го прекршил законот, ниту збор. Никаква квалификација или пријава до надлежните органи. Зарем јавноста досега не можела да процени оти и на Црвенковски и на Иванов премногу пари им се дадени за она што (не) го работат.
Спектакуларното уривање на врвот на владиниот план за борба против корупцијата веќе го видовме, а зад урнатините се покажа и целата мрежа на непотистички врски со кои е создавано специјалното јавно обвинителство. Партиски, роднински, пријателски… се покажа дека речиси ниту едно име во обвинителството не било случајно. Токму затоа и тешко е да се поверува оти никој во обвинителството не знаел за наводната инволвираност на нивната шефица Катица Јанева во аферата „Рекет“.

Па, какви обвинители и истражители се тие кога во јавноста и многу порано од официјалното отворање на истрагата и написите во медиумите веќе и сосема гласно се зборуваше дека некои дечки со препознатливи презимиња наоколу се закануваат со бомбите. И сега, на истите тие повторно им се доверуваат истите предмети, само не како на специјални, туку како на редовни обвинители. Уште малку да поиграат рекет или барем да присоберат понекое од залутаните топчиња. Платите и условите за работа нема да бидат како во СЈО, но ќе се приберат душичките околу државните јасли, па кој колку ќе зафати. Каква навреда за интелигенцијата на граѓаните! И награда за тие што, во најмала рака, не си ја завршија работата!

[email protected]