Оваа година на конкурсот пристигнаа многу творби. Имаше неколку цртежи на зададената тема, но најмногу пристигнаа предмети изработени од материјали што може да се реупотребат.
Стручното жири ги избра победниците:
Прво место ѝ припадна на „Касичка робот“, изработена од Томе Костадинов, ученик во 4-г одд. во ООУ „Сандо Масев“, Струмица.

Второто место е за „Куќа од хартија“, изработена од Ема Илоска, 6-2 одд. во ООУ „Братство“, Скопје.
Третото место е за „Касичка прасе“, изработена од Емил Трајков, 7 одд. во ООУ „Димче А. Габерот“, Демир Капија.
Шпаркасе банка Македонија обезбеди вредносни подароци во износ од 9.000 денари за првото место, 6.000 за второто и 3.000 денари за третото место.
Победниците ќе бидат гости во емисијата „Ивце Пивце и другарите“ в недела, во 9.30 часот, на телевизијата Канал 5. Таму ќе дознаеме нешто повеќе за нивните изработки. И.М.