Четири трика што го забрзуваат телефонот

За да може вашиот мобилен уред да работи правилно подолго време, треба да обрнете внимание на неколку работи. Технолошките експерти открија четири трика што ќе ви помогнат уредот да работи како нов.
Рестартирање трипати неделно: Не е доволно да го рестартирате телефонот само еднаш неделно за брзо да работи. Додека го користиме уредот и преземаме нови апликации, РАМ-меморијата се полни, а за да добиете малку слободен простор и уредот да работи побрзо, треба да го рестартирате најмалку трипати неделно.
Ажурирање само преку вај-фај: Апликациите треба редовно да се ажурираат, но тоа не треба да биде случај кога уредот е поврзан на мобилна мрежа. Некои апликации се мошне големи и можат многу брзо да го потрошат мобилниот интернет-пакет.
Зачувајте податоци во Гугл хром: Според достапните податоци, повеќето корисници најчесто го користат Гугл хром како примарен пребарувач. Ако сте еден од нив, треба да ја вклучите опцијата за зачувување податоци. Оваа поставка троши повеќе ресурси од страницата што ја гледаме за 30 проценти, а од видеата 50 проценти. Така ќе потрошите помалку податоци, а ќе пребарувате побрзо.
Што е можно помалку прикачувања: Можеби не изгледа логично, но доколку мобилниот телефон не е нов, новите верзии и надградби можат да го забават. Дополнително, ако меморијата е речиси полна, честите ажурирања и надградби ќе го забават уредот.