Медисон Бренгл (САД) ги тужи тениските ВТА и ИТФ и бара отштета поради нивната, како што вели „навредлива администрација на програмата за антидопинг“, објавија британски медиуми. Таа тврди дека иглите за тестовите предизвикале ретка медицинска состојба, од што имала физичка и емоционална штета и која е проследена со болки, оток, вкочанетост и модринки.
– Тениските власти ја изложуваа на тестирања што ја принудија да се повлекува од турнири – вели меѓудругото адвокатот Питер Р. Гинсберг.