Дводневна работилница за театарска сценографија насловена „Модерното на сцена (Сонот на куќата)“, под менторство на театарскиот сценограф Јан Папелбаум (Шаубуне, Берлин, Германија), ќе се одржи денеска и утре во домот на културата „Кочо Рацин“ во организација на Македонскиот центар на ИТИ/Продукција и во соработка со Гете институтот – Скопје.

Работилницата има два главни фокуса. Првиот е ставен на концептот, базичниот ред на празниот простор за театарски перформанс. Вториот фокус стои на потрагата по природна, современа естетика за сценски дизајн. На работилницата ќе се прават фотографии и ќе се цртаат материјали, локации, фигури и ситуации на сцената. Потоа, предвидено е користење на резултатите од истражувањата во корист на креирање нова сцена.

Работилницата е од затворен тип, наменета е за сценографи-режисери, сценографи-визуелни уметници, сценографи-архитекти. Ќе се одвива на германски јазик и на англиски јазик со консекутивен превод од германски на македонски јазик. Бројот за учесници на работилницата е ограничен на 12, па затоа пожелно е заинтересираните да испратат имејл на адресата [email protected]. Агендата опфаќа предавање на Јан Папелбаум во Музејот на современата уметност, на 12 април, работилница, театарска сценографија и работилница за театарска сценографија.