Спанаќот е одлична храна. Преполн е со голем број нутриенти, а е нискокалоричен. Зелените листови се важни за кожата и за косата. Исто така, тие се полни со железо, протеини, витамини и минерали.
Можните здравствени придобивки од консумирањето спанаќ се подобрување на крвната слика кај луѓето со дијабетес, намалување на ризикот од канцер и подобрување на коскеното здравје.
Спанаќот се користи во сите кујни низ целата историја. Се приспособува лесно во секој режим на исхрана, а е евтин и лесен за приготвување.

Факти за спанаќот

Според повеќето истражувања, 100 грама спанаќ содржат 28,1 микрограми витамин Ц, што е 34 проценти од препорачаната дневна доза.

Железо

Недостигот од железо во исхраната може да доведе до низа проблеми, особено со крвта. Спанаќот е одличен извор на железо. Обидете се кога го консумирате да консумирате и витамин Ц, за да се обезбеди апсорпција на железото во крвта.

Калциум

Спанаќот содржи околу 250 милиграми калциум во една чинија. Затоа е одлично да се консумира, бидејќи е добар за коските.

Магнезиум

Спанаќот е еден од најдобрите извори на магнезиум што, пак, е потребно за енергија, за забрзување на метаболизмот, одржување на мускулите и нервите, за регуларен срцев ритам, здрав имунитет и одржлив крвен притисок. Магнезиумот исто така игра огромна улога во многу биохемиски реакции што се случуваат во организмот.
Го контролира дијабетесот

Спанаќот содржи антиоксидант познат како алфа липоична киселина, која го намалува нивото на шеќер во крвта. Студиите покажуваат дека спанаќот го подобрува здравјето кај дијабетичарите.
Најголем број студии покажуваат дека дијабетичарите треба да консумираат спанаќ, токму поради контрола на дијабетесот.

Превенира канцер

Спанаќот и другиот зелен зеленчук содржат хлорофил, за кој е докажано дека ги блокира канцерогените клетки.
Лицата што боледувале од канцер, а кои почнале да консумираат спанаќ, имале помало ширење на канцерот од оние што не јаделе спанаќ толку често.

Превенира астма

Една студија направена на 433 деца што боледувале од астма, на возраст од шест до 18 години, и на 537 деца што немале астма, покажала дека ризикот за развој на астма е понизок кај оние деца што внесувале спанаќ. Сето тоа се случува поради еден нутриент што го има во спанаќот, а тоа е бета каротенот. Спанаќот е одличен извор на бета каротен.

Го намалува крвниот притисок

Бидејќи е богат со калиум, спанаќот се препорачува кај луѓето со висок крвен притисок. Калиумот помага во намалувањето на крвниот притисок, а доколку во организмот нема доволно калиум може да дојде до покачување на притисокот.

Спанаќ за здрави коски

Ниското ниво на витамин К во организмот се поврзува со поголем ризик за кршливост на коските. Адекватниот внес на витамин К е важен за здравјето, бидејќи овој витамин помага во сочувувањето на коскените протеини и го намалува исфрлањето на калциумот преку урината.

Подобра дигестија

Спанаќот е одличен за нормално функционирање на организмот, но и на системот за варење. Богат е со вода и растителни влакна, па, така, се препорачува и кај лица што имаат проблем со констипација.

Здрава кожа и коса

Спанаќот е богат со витамин А, кој е одговорен за производство на масло во порите на кожата и во фоликулите на косата, кое е одговорно за нивната влажност.
Недостиг или вишок од ова масло доведува до создавањето акни, но и до сува и оштетена коса. Витаминот А е потребен за раст и развој на сите ткива, па, така, е одговорен и за растот, изгледот и развојот на кожата и косата.
Спанаќот како и другите лиснати зеленчуци е богат со витамин Ц, кој е круцијален за колагенот во организмот, кој, пак, е есенцијален за структурата на косата и кожата.
Недостигот од железо, исто така може да биде причина за губење на косата, а внесот на спанаќ ќе придонесе во надоместување на железото.


Нутритивна вредност
Една чинија спанаќ содржи:
* калории 7;
* протеини 0,86 грама;
*калциум 30 милиграми;
* железо 0,81 грама;
* магнезиум 24 милиграми;
* калиум 167 милиграми;
* фолна киселина 58 микрограми.
Спанаќот исто така е богат со витамин К и фосфор, а најголемиот број калории во него се протеини и јаглехидрати.

[email protected]