Од работилницата за изработување фотографии со мокар колодиумски процес

Во рамките на Студентската програма на „Македокс 9“, која содржи 13 филма и ќе трае до 22 август, вечерва во „Куршумли-ан“ ќе бидат прикажани филмовите: „Бајка од лажни вести“ на Кејт Стонехил, „Нема не ми е гајле“ на Флоријан Хофман и „По животот“ на Пак Ло. На ова издание на Фестивалот на креативен документарен филм во тек е работилницата за изработување фотографии со мокар колодиумски процес, а десетина учесници ја изучуваат техниката и откриваат мотиви за своите стаклени фотографии. Таа се одвива под менторство на Сашо Н. Алушевски, фотограф, и Предраг Узелац, самостоен фотографски соработник и асистент на Академијата за уметности во Нови Сад, Србија.

Во Музејот на современата уметност до утре ќе се одржува работилницата „Режирање реалност“, со полскиот автор Војцех Старон, а ќе бидат прикажани и извадоци од неговите филмови „Сибирска лекција“, „Аргентинска лекција“, „Браќа“ и „Дон Жуан“ како пример за режирање реалност на полски начин. Оваа работилница е поддржана од Филмската фондација на Краков.