Стоп за грчкиот геноциден план за Македонија и за Македонците

(Отворено писмо до Алексис Ципрас по повод неодамнешните негови изјави)

Господине Алексис Ципрас, во неодамнешната ваша изјава за грчките медиуми велите: „Во преговорите не одиме да дадеме нешто што е дадено пред 70 години“. И уште: „Имаат државен ентитет што 70 години се вика Македонија, а немаат никаква врска со Александар Велики и со овој историски тек. Имаат словенски и албански корени и го признаваат тоа. Ако добиеме одредница пред името Македонија е голема победа и уште поголема да се договориме дека едно е нашата Македонија што доаѓа од долгата традиција, а друго нивната традиција и нивниот културен знак…“. Не знам дали поради ваквата и сличните изјави не чувствувате срам, бидејќи паѓате под најдолното ниво на домашно и морално воспитание.

Безобразно лажете премиере, и сте агресивен како хиена, која мисли дека жртвата е веќе готова и треба лакомо да зграпчи и да дотамани. Горко ќе се разочарате и вие и Теодоракис, и Павлопулос, и Каменос и грчките фашизоидни владици што немаат никаква врска со Бог и со божествената Правда и вистина. Јас и деведесет и девет отсто од македонскиот народ, ви порачуваме дека по никоја цена не излегуваме надвор од своето исконско Име во кое сме закотвени цврсто веќе неколку милениуми, а вие како познати историски хиени сакате да го приграбите него за себе со целокупниот негов богат културно-цивилизациски имот. Малку ви е грчкото, па сега го сакате и македонското Име со сета негова културолошка и мартирска слава.
Не. Тоа нема да ви успее. Ние не постоиме 70 години, кои исто така ни ги негирате, туку сме запишани уште во првата, најстара етнографска карта на народите кај библискиот Мојсеј и оттаму, уште од првата страница на Стариот завет како златна жица се пробиваме сѐ до крајните брегови на Новиот завет, кога во Македонија доаѓа по Божја заповед апостол Павле за оттука да ги христијанизира тврдоглавите Грци и цела Паганска Европа, која, за жал, сѐ уште е таква, а христијанството го користи само како маска. Знаете дека на најревносниот Исусов апостол во визија за да дојде во Македонија му се јави Македонец, а не Грк. И, мислите ли дека е тоа случајно.

Дали е случајно и тоа дека Библиите што се печатат на Запад тоа свето место од Новиот завет го искривуваат, па наместо „Му се јави Македонец“ ставаат „Му се јави човек од Македонија“. Само и само да не е Македонец. Ако се убедени дека Македонија е грчки идентитет тие не би ги правеле тоа. Но не се убедени, како што верувам не сте убедени ни вие, премиере Ципрас, ни сите Грци, кои вие ги фрлате во екстранационалистичка, фашистичка еуфорија. Антропологијата не познава легура од два посебни идентитети насилнички споени во еден, како што тоа вие Грците го правите со разбојничко грабање на македонскиот идентитет. Па и Бугарите. Сега и Албанците каде што го барате нашиот идентитетски корен. Тоа, простете, не може поинаку да се именува освен како најнизок тип политички и секаков друг вид идиотизам.

Премиере, немој да им верувате на нашите/ненаши Заев и неговиот министер Димитров, како ни на оние бедни медиумски суштества кај нас, кои не знаат ни што е Име, ни што е идентитет и од каде извира тој. Тие не знаат што да прават ни со сопственото име, ниту знаат за што се родиле и за што треба да го потрошат својот живот што им е подарен од Господ. За лага или за вистина. За зло или за добро. Како и вие, премиере Ципрас, оти неодамнешната ваша изјава јасно го кажува тоа. А немојте да ѝ верувате ни на Вавилонската Дама Европа, која како што рече сјајниот англиски романсиер Д.Х. Лоренс „по инерција сѐ трупа во грчка вреќа“. Сега и преголемата Античка Македонија, која по никоја основа не ви припаѓа. Можете колку што сакате да играте сиртаки со Теодоракис, Каменос, Павлопулос и со вашите фашизоидни, безбожни владици, но нема да добиете ни еден не атом, туку најситен кварк (да се изразиме со јазикот на квантната физика на Нилс Бор) од скапоцената македонска историска меморија. Не. И историската фактографија, ако сакате, е немилосрдно на наша страна. Таа е цело едно огромно безгрижно море. Да ги оставиме настрана Херодот и другите крунски грчки и други антички историчари.

Сега избрав, во контекст на темата за која зборуваме да ве потсетам на Гркот Плутарх, што напишал биографска книга за Александар Македонски, кој вие, фројдовски плашејќи се да го именувате така, го викате Велики. Што значи дека не само вашата свест, туку и вашата потсвест е болно инхибирана со македонскиот синдром. Тој Грк Плутарх во таа книга кажува една карактеристична епизода за револтот на Александар, кој на една гозба го укорил надмениот Грк Клит што се однесувал непристојно, како и вие сега, кон Македонците, кои ги сметате за историско ѓубре, а сепак сакате да го присвоите во стил на хиени нивниот идентитет. Обраќајќи му се, Александар му рекол на Гркот: „Зарем не ви се чини дека Грците чекорат меѓу Македонците како полубогови меѓу животни“. Тоа! Сфаќате ли сега нешто, господине Алексис Ципрас. А, дали, покрај тоа, сте ги читале и Филипиките на најциничниот грчки филозоф Демостен од кого во цинизмот вие не сте се помрднале ни педа потаму? А? Што пишува во нив? Дека Македонците се варвари бидејќи со своите фаланги (и тоа е историја) ги толчеа Грците, кои сега мазохистички, патолошки се отимаат за нив.

Ако античките извори за посебноста на Македонците од Грците не ви се доволни, еве ви и еден современ, и ваш современик, умен незатруен грчки историчар, кој ја говори вистината. Се вика Димитри Михалопулос, професор историчар. Во својот краток, но кристално јасен текст што ќе го објави „Македонски манифест“ во својата најнова книга, по повод десетгодишниот јубилеј, тој во таа смисла од многубројните наведува неколку крунски фрагменти од антички историчари за посебноста на македонскиот идентитет, кој нема допирни точки со грчкиот. Умен и морален, за разлика од вас, премиере, и тој се повикува на клучната сцена со апостол Павле од Новиот завет: „И една визија на апостол Павле му се појави во ноќта; таму стоеше човек од Македонија и го молеше. Дојди во Македонија, помогни ни“. Потоа, тој се навраќа и на некои клучни антички историчари. На Херодот секако, но и на Паусаниј, кој пишува за македонската битка со Грците на Херонеја. Вели: „Бидејќи катастрофата на Херонеја беше почеток на лошата среќа за сите Грци, а посебно за поробените, кои беа слепи на таа опасност и беа на страна на Македонците, Филип освои најголем број од нивните градови; со Атина номинално воспостави односи, одземајќи ѝ ги островите и ставајќи крај на нејзината поморска империја“. Итн. Доволно ви е тоа, господине премиере. Грк го вели тоа, доблестен да ја признае вистината за која вие сте слепи.

Вие се потпирате на бриселскиот европски естаблишмент, кој, како и вие, со примерот со Македонија го обновува третиот нацифашистички Рајх. Катастрофата следува, не само според Нострадамус, туку според Божјата Правда и Вистина не само за Македонија и Македонците, туку и за Грците и Европа. Може, Бог нема да дозволи повторно да паѓаат врз Македонците англоамериканските напалм-бомби. Тие, најварварски ја исчистија Егејска, Беломорска Македонија од Македонците, за да ви ја дадат вам за да се храните, без никаква грижа, од нејзините „полиња и ридови од крв“, како што напиша во нејзината докторска дисертација за разлика од вас доблесната Гркинка Анастасија Каракасиду. За тоа нејзе грчките националисти ѝ се закануваа со смрт.

Тоа, господине Алексис Ципрас. Доволно. Ги исчистивте Македонците од Беломорска Македонија, приграбувајќи ја и нивната земја од која се храните, па дури и нивните гробови погрчувајќи ги, а сега сакате да нѐ прогоните и од нашата меморија. Срам да ви е. Во тоа нема да успеете, макар ги ангажирале и сите бомбардери на НАТО и на бриселска Европа, која му дава елан витал на вашиот, за жал, и нејзин, геноциден план. Не. Ние сме Македонија и Македонци оттука до вечноста. А вие Грци „срцем светци, лицем волци“ како што ве опиша прецизно Григор Прличев. Не верувајте ѝ на фалсификаторска и шизофрена Европа, која самата за себе, глупава, си нарача минатото столетие две светски војни, во кои испрати на касапница милиони свои луѓе, претежно млади, и изврши невидени злосторства против човештвото и на другите континенти. Па, тогаш каква правда можеме да бараме сега од неа? Не потпирајте се врз нејзиниот фалсификат, господине Ципрас, врз нејзината и вашата лага за Македонија и за Македонците, кои, како што вели и апостол Павле во своите посланија се „синови на светлината“ и се „светила што светат во расипаниот свет“. Не верувајте им ни на Заев и ни на Димитров, и на целата сегашна квислиншка влада во Скопје. Тие сега се погрци и од самите Грци, поевропејци и од самите Европејци, и по НАТОВ-ци и од самите натовци. Тоа е капацитетот на нивната свест, интелигенција и морал. Сличен на вашиот. Примете ги моите срдечни поздрави.