Во организација на НУ „Григор Прличев“ од Охрид, денеска, во 12 часот, во Прличевата одаја ќе се одржи средба со новинарот, публицист, истражувач и преведувач Славе Николовски-Катин.

Поздравна реч ќе одржи директорката на библиотеката Гордана Змејкоска, воведничар ќе биде Милчо Јованоски.
За творештвото и животниот пат на Катин ќе говорат проф. Томе Груевски и новинарот и публицист Свето Стефаноски.