Со почетокот на учебната година, јавноста беше алармирана за некои несакани настани што се случија во училиштата во Скопје и низ Македонија. Заедницата беше сведок на неколку случаи на врсничко насилство, кога ученици си нанесоа повреди едни на други. Имаше голем број коментари и осуда за овие немили настани во медиумите, но и бурни реакции на социјалните мрежи.

– За да се запознаат родителите со некои од знаците, со чија помош ќе го препознаат насилството кај децата во тек е акција, чија цел е да поттикне другарување меѓу младите. И самиот проект така го насловивме – „Другаризација“ – порачуваат од Центарот за поттик на креативни потфати (ЦПКП), организатори на активностите. Тие во текот на одреден период ќе споделуваат насоки и ќе им овозможат консултации на сите што сакаат преку нивната фан-страница на Фејсбук да дознаат што е можно повеќе за оваа тема.