Мапа на Македонија од 1913 година

Во Егејска Македонија Македонците не се дојденци, туку се староседелци. И планините и камењата и полињата и морињата и градовите и селата се сведоци дека Македонците со сите свои национални белези: јазикот, традицијата, носијата и обичаите се староседелци во Северна Грција, односно во Егејска Македонија

Ердоган Ознал

Комисијата за човекови права на Обединетите нации што се наоѓа во Џенова за да се состане требаше да се согласат најмалку 27 земји. За одржување на состанокот гласаа 44 земји, а само три земји гласаа „против“ и тоа: Грција. Ирак и Кипар. За да се спречи проширувањето на војната во Косово и во Македонија, Турција предложи да се одржи Балканска конференција. На неа, покрај балканските земји, беа поканети и Италија, Унгарија и Австрија. Таа се одржа во Истанбул и на неа беа присутни сите поканети, освен Грција, која беше против да се одржи таква конференција. Грција тврди дека Босна и Херцеговина згреши кога се прогласи за самостојна суверена република. Значи и Македонија не требаше да се прогласи за самостојна и суверена република. И ако Македонија не беше признаена од десет држави, постоеше опасност таа да биде добар залак за Грција и за Србија.

ЈАЛОВИ ПЛАНОВИ

Од Грција се лансираат следните сценарија. На Балканскиот Полуостров ќе почне балканска војна, која ќе трае една година. Србија и Грција ќе бидат заедно како земја со православна вера, а на другата страна ќе бидат Турција, Албанија, Босна и Санџак, како земји со исламска вероисповед. Бугарија ќе избира дали да ги окупира Македонија или Тракија. Грција војната ќе ја изгуби, а со неа и голем дел од својата територија.
Така, Македонија ќе земе дел од грчките територии. Косово ќе се приклучи кон Албанија.
Вакви и слични други сценарија секој ден лансира Грција, за да ги разбранува и овие мирни подрачја. Грција говори дека Турција е земја што се залага на Балканскиот Полуостров да се формира исламска заедница. Турција последните 70 години само се заинтересира да ги заштити националните малцинства, Турците во Бугарија и во Грција. Ако Турција имаше цел на Балканскиот Полуостров да формира исламска држава, немаше да ја признае Република Македонија, во која над 60 отсто од населението е православно. Турција ниту се залага, ниту пак помага за формирање исламски држави, туку таа се залага за зачувување на основните човекови права на сите страни во светот, па и на Балканот. Турција ако сакаше на Балканот да формира исламски држави немаше своите врати ширум да ги отвори за иселениците – муслиманите.

Турција за Балканот се интересира од две причини. Според луѓето, без разлика дали се тоа Турци, Грци, Македонци или се муслимани или христијани, сака човечко однесување. Таа е против секакви нечовечки постапки спрема луѓето. Сака да се почитуваат националните права на сите луѓе без оглед на нивната национална и верска припадност. Таа е против убивање на недолжното население и сл. Ете таа е првата причина што Турција се интересира за Балканот зашто таа со својот европски дел и самата му припаѓа на Балканот, како и тоа дека со еден дел од народите има историски, културни и етнички сличности и поврзаности.
За таа цел, тврдењето на Грција дека Турција за Балканот премногу се интересира за да создава „исламски држави“ не само што е без основа, туку е и без никаква логика. На Грција, за да ја реализира својата големогрчка амбиција, многу ѝ пречи Турција. Токму затоа таа ја напаѓа Македонија, зашто е голем пријател со Турција. Инаку, ако не беше Турција, Грција можеше лесно да ја лапне Македонија и веруваше дека Европската заедница чија членка е и самата, немаше да реагира.

ПОСЛЕДНИ СОСТОЈБИ ЗА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ

Од страна на Грција, Македонија беше доведена во многу тешка економска положба. Грција спрема Македонија спроведе посебно ембарго. Го затвори Солунското пристаниште и на Македонија не ѝ дозволуваше да си ја увезува сопствената нафта. Така, македонското стопанство се најде во колапс. Недостигот од бензин се почувствува во сите сфери на животот. Раководните луѓе на Грција се потрудија кај грчкиот народ да ги распалат националистичките страсти спрема македонскиот народ. Грчките информативни средства се фанатизирани во однос на Македонија.
Јорго Чичкоста од владата на Мицотакис, задолжен за Македонија и за Тракија изјави: „Војната не може да биде цел, таа може да биде само една дипломатска форма“. Значи војната што Грција би ја водела спрема Македонија ќе биде само една дипломатска форма, односно мерка. Ситуацијата станува уште покритична кога министерот за одбрана на Грција, Јанис Варвицијатис, изјави: „Ние се подготвуваме за секој случај“.
Сите овие изјави создадоа еден немир во Република Македонија.
Во Егејска Македонија Македонците не се дојденци, туку се староседелци. И планините и камењата и полињата и морињата и градовите и селата се сведоци дека Македонците со сите свои национални белези: јазикот, традицијата, носијата и обичаите се староседелци во Северна Грција, односно во Егејска Македонија.
Грција повеќе од 80 години се залага да ги избрише наведените белези на македонскиот народ, но во тоа не успеа.
Грција ако сака на Балканот да се зачува мирот, тогаш без никакви условувања треба да ја признае Република Македонија.
Од 1945 година до прогласувањето на својата самостојност до 1991 година Грција немаше никакви забелешки на името Македонија. За таа цел, редно е Грција да престане да води нереална кампања против оваа млада државичка, туку ќе треба да ја признае неа со што ќе има и корист.

(КРАЈ)