Снуп Дог влезе во Гинисовата книга на рекорди по направен најголем коктел. Својот рекорд го регистрираше на фестивалот „Ботл Рок Нејпа Вели“, кога направи огромен коктел од мешавина на џин и џус. Тој искористил 180 шишиња џин „хендрикс“, 154 шишиња бренди од кајсија и 38 кантички од џус од портокал. Коктелот го послужил во чаша висока 150 сантиметри и широка 90 сантиметри.
Коктелот е надополнет со розово чадорче и џиновска цевка.
Коктелот имал 550 литри течност. За рекордот за најголем рајски коктел, раперот добил сертификат од претставник од Гинисовата книга на рекорди што присуствувал на настанот.

Раперот својот Гинисов потфат го прослави со објава на својот профил на Инстаграм, објавувајќи фотографија на која тој е на сцена со џиновскиот коктел.
Инаку „„Gin and Juice“ е вториот сингл на Снуп Дог од неговиот деби-албум „Doggystyle“. Овој сингл се искачи меѓу првите десет песни на листата на Билборд во САД. Песната го прослави раперот во 1994 година.