Изложбата „Скопските вертикали“ ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Музејот на градот Скопје. Автори се: Јован Ивановски, Ана Ивановска Дескова и Владимир Десков, а раководителка на проектот е Фросина Зафировска, кустоска советничка.
Основна цел на истражувачкиот проект „Скопските вертикали“ беше документирање, проучување и претставување на истакнати примери на архитектонското творештво од периодот на модерната, значајни за урбаниот развој на градот Скопје. Во специфична смисла, проектот беше насочен кон истражување на архитектонските концепти, типологии и форми што придонеле за развој и раст на градот по височина, односно – по вертикала.