Светски познатиот музичар Лени Кравиц доаѓа со специјална гостинка, младата соул-пејачка Анастејжа Енук, која ќе го отвори концертот во Скопје на 3 мај.

Таа е 23-годишна американска музичарка, со потекло од Нигерија. Растена во мешано семејство, Анастејжа почнува да пее на 14 години, на 16-годишна возраст веќе пишува музика, додека на 18 години почнува да ја истражува музичката индустрија.

Фокусот на нејзината уметност е на тематики како домот, идентитетот, природата и феминизмот. Музичката критика го карактеризира нејзиниот вокал како моќен, споредувајќи го со оној на Шаде и Еми Вајнхаус. Во моментов, Анастејжа е актуелна со својот сингл „Summer Madness“.