Манчестер сити одигра уште еден фантастичен меч или „ова беше нашето најдобро издание, особено во првиот дел, откако јас го предводам тимот“, како што изјави менаџерот Пеп Гвардиола, по победата во 3-то коло од фудбалската Лига на шампионите (ЛШ). Тој пред мечот ја „смируваше топката“, велејќи дека неговиот тим уште не е подготвен за триумф во ЛШ, но со игрите во последно време во ЛШ и во Премиер-лигата изгледува дека не е баш така. Како и да е, цехот го плати Шахтар, кој беше надигран, прими „само“ три гола и го загуби првиот меч во Доњецк од англиски тим по претходните пет победи и две ремија.