Откако Шкендија ја обезбеди титулата во Првата фудбалска лига, продолжува трката за 3-то место. Работнички во 30-то коло го победи Вардар со 1-0, остана четврти со 41 бод, четири помалку од Силекс. Вардар е втор со 49 бода. По Работнички следуваат Ренова со 37, Академија Пандев и Шкупи (има и меч помалку, со Пелистер) со по 36, Победа 29, Пелистер 28 и Скопје 25. Во квалификациите за ЛЕ ќе играат вториот и третиот тим од Првата лига. Други резултати: А. Пандев – Шкендија 2-2, Пелистер – Силекс 2-1, Шкупи – Победа 3-1, Ренова – Скопје 2-0.