За титулата во Лига Европа од денеска ќе играат Мојсов, Тричковски (АЕК), Елмас (Фенербахче), Адеми (Динамо З.), Ристовски (Спортинг), Илиев (Арсенал) и Николов (Види)

Седуммина македонски фудбалери со шест клуба од денеска тргнуваат во трка по трофејот во Лига Европа, со натпреварите од првото коло во новата сезона. На терените низ Европа во мечевите од групната фаза ќе се натпреваруваат Даниел Мојсов, Иван Тричковски (АЕК), Елиф Елмас (Фенербахче), Аријан Адеми (Динамо Загреб), Стефан Ристовски (Спортинг), Дејан Илиев (Арсенал) и Бобан Николов (Види). Во иста група се Елмас и Адеми, односно Ристовски и Илиев. Од другите, Мојсов и Тричковски ќе се надигруваат со, на пример, Баер, а Николов со Челси.

Досега тројца македонски фудбалери го освојувале трофејот во Лигата на шампионите, па трофејот во Лига Европа е тој што недостига. Победник од минатата сезона е Атлетико Мадрид, кој може да ја брани титулата само ако го освои третото место во својата група во Лигата на шампионите, со што напролет би продолжил да игра во Лига Европа. Шпанските клубови се доминантни последниве сезони. Од 2004 година шпански тим победувал секогаш кога ќе се пласирал во финале (девет пати), а тимовите од таа земја славеа четири пати во претходните пет сезони (трипати Севилја, еднаш Атлетико).

Денеска дуелите во групите од Г до Л почнуваат во 18.55 часот, а во групите од А до Ф во 21 часот.